• Mon. May 13th, 2024

Сушево доби ново уредено катче во центарот на населеното место

ByЃ. K.

Dec 4, 2023

По барање на жителите на Сушево, ова населено место доби уредено катче во центарот на населеното место.

Центарот на Сушево доби нови содржини: поплочување на центарот со бекатон плочки и бетонски ивичњаци, поставување на урбана опрема, ново осветлување, клупи и корпи за отпадоци, поставување на фонтана, хортикултурно уредување со високо и ниско зеленило како и со сезонско цвеќе.

„Запуштениот и руиниран центар во Сушево стана минато, а граѓаните на Сушево добија соодветен простор за одмор и дружење“, истакна градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов.

By Ѓ. K.