• Tue. May 21st, 2024

Фото – Повеќе од 300 литри ракија се испече на Ракијадата во Валандово

Лозарите од валандовско денеска се натпреваруваа кој подобра домашна ракија ќе испече на 18 тата традиционална Ракијада што се одржува во Валандово. На 20 казани се надмудруваа, чиј казан прв ќе протече, чија ракија ке биде најдобра, која ќе биде појака а сите заедно испекоа повеќе од 300 литри ракија

Ракијадата ја отвори градоначалникот Перо Костадинов кој најави дека ова манифестација во иднина ќе биде помасовна со цел да се зачува традицијата и да се промовираат квалитетните вински и десертни сорти грозје од овој регион

На ракијадата присутен беше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кој најави дека Владата на РМ контуинирано ќе ги помага лозарите а овие денови на нивните сметки ќе легнат околу 2,5 милиони евра за предаденото грозје

Ваквите манифестации се одлична можност за промоција на традиционалните македонски производи, меѓу кои е и ракијата, како и за афирмација на општините.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *