• Fri. May 17th, 2024

Видео: Во недела во Градашорци Празијада, градоначалникот Марјан Јанев со покана

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев по повод манифестацијата „Ден на празот“ која ќе се одржи во недела на 05 ноември, 2017 година, упати отворена покана до сите граѓани.

„Би сакал да упатам покана до сите жители на општина Василево да бидат дел од оваа манифестација која стана заштитен белег на нашата општина. Јас,  како градоначалник силно застанувам на заложбата да се негуваат овие менифестации кои даваат белег на нашето живеење.  Градашорци и општина Василево се далеку познати производители на праз и во недела сакам да упатиме  порака дека овој наш автохтон зеленчук е квалитетен и треба да се откупува и да се конзумира. За таа цел вредните домаќинки од општина Василево ќе приготват повеќе традиционални специјалитети  од праз и ќе докажат дека оваа градинарска култура треба да биде дел од нашата трпеза. Упатувам порака и до производителите на праз да го  изложат своето производство и заеднички да ги промовираме нашите богатства“,порача градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев поканувајќи ги граѓаните во недела на 05 ноември на заедничко дружење и уживање во вкусните специјалитети од праз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *