Регион

Градоначалникот на Струмица оствари средба со претставници на Сојузот на дефектолози на Р.М.

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски оствари средба со потесното раководство на Сојузот на дефектолози на Република Македонија. На средбата се разговараше за состојбата во која што се наоѓаат лицата со попреченост во општина Струмица, за реализираните и планираните проекти од областа на дефектологијата и унапредувањето на нивниот живот.

На оваа прва средба и градоначалникот Јаневски и претставниците на Сојузот ја потврдија заложбата соработката да продолжи и понатаму и поинтензивно во интерес на лицата со попреченост, а со цел унапредување на институционалниот систем за овие лица во Општината.

Препорачуваме:

Посебен режим на сообраќај кон Добрејци

40 предлог проекти поднесени од Југоистокот на подобрување на водна инфраструктура

Ѓ. K.

37 седница на Советот на Општина Струмица

Dimitar Micev