• Fri. May 17th, 2024

40 предлог проекти поднесени од Југоистокот на подобрување на водна инфраструктура

ByЃ. K.

Jul 28, 2023

Десетте општини од Југоисточниот плански регион поднеле предлог проекти до Министерството за животна средина и просторно планирање со кои бараат да им се финансираат проекти за подобрување на водната инфраструктура.

Поднесени се вкупно 40 проекти, кои можат да опфатат нови водоснабдителни и канализациони системи, пречисителни станици и опрема за подобрување на водната инфраструктура, соопшти министерката Каја Шукова. Таа нагласи дека средствата на општините ќе им се доделат во вид на донации за што ќе се склучуваат договори.

Станува збор за распределба на средства од заем од Европската инвестициона банка. Овие средства ќе треба да се враќаат од буџетот на државата. Вкупната вредност на заемот е 50 милиони евра.

Прилог на Сузана Мицева

By Ѓ. K.