• Wed. May 15th, 2024

Километарски колони од возила за влез во Грција

ByЃ. K.

Jul 29, 2023

Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини „Богородица“  и на „Табановце“. Најбројни се автомобилите од Македонија, Србија и Романија. Според информациите на АМСМ, за влез во Грција се чека до 45 минути, но туристите кои се пред граничниот премин велат дека се чека и повеќе од час и половина. Колони има и на граничниот премин Табановце за влез во Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Од АМСМ информираат дека на останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

By Ѓ. K.