Спорт

Фото и Видео: ЖФК Тиверија како империја – ја освои КУП титулата против Драгон

Одиме Јако….. Тиверија Империја……. Напред плави…….Ова се само дел хаштаговите  кои ЖФК Тиверија ги објави на својата фан страна, откако денес го надигра Драгон со 5:0 во финалето од КУП натпреварувањето на Македонија и се закитија со злато

Струмичанки во дуелот за титулата во секој сегмент блескаа и не дозволија драгонки да се надеваат на било што. Победата ја најави Теодора Димоска при крајот на првото полувреме а во вторите 45 минути на теренот како да играше само струмичкиот состав. Капитенката Александра Ристовска, Рабиа Дервиши и Ангела Стојковска која беше двоен стрелец ставија печат на убедливата победа за освојување на титулата

ЖФК Тиверија заедно со тимот на Драгон беа двата тима кои го водеа главниот збор во жанскиот фудбал во Македонија

видеото е превземено од www.gol.mk

Препорачуваме:

Заврши турнирот ,,Филип Лазаревски,, екипата на ФФМ најдобра

Ване Трајков

Фото – Зоран Јовановски од ,,Мобилност,, со злато во Струга

Ване Трајков

Видео – Тиверија најмасовен женски фудбалски клуб во Македонија – потенцијал има велат од клубот

Ване Трајков