• Fri. May 17th, 2024

Затворени граничните премини со Грција

Грција ги спушти рампите за проток на товарни возила. Поради штрајк на тамошните цариници, сообраќајот со Грција е во прекин 24 часа на трите гранични премини. Иако беше најавен генерален штрајк, на преминот Богродица и Дојран засега се пропушта патничкиот сообраќај, а запрени се само камионите.

Од преминот Богородица велат дека не е исклучена можноста за прекин ан патничкиот сообраќај, но засега нема таква најава.

Преминот Меџитлија е затворен уште на полноќ, додека Дојран и Богородица во пет и седум часот наутро.

Засега нема поголеми застои на премините, и според македонските гранични служби нема најавено продолжување на штрајкот.

Штрајкот во Грција е поради новиот бран мерки за штедење и го организираат најголемите грчки синдикати. Запрени се авионскиот и поморскиот сообраќај, а во прекин е и јавниот сообраќај. Исто така поради штрајкот не работат училиштата а во болниците функционираат само тимови за итни случаи. Во Атина се регистрирани и инциденти во коишто учествувале претежно млади лица, коишто не се членови на двата најголеми грчки синдикати. Тие ја нападнале полицијата сакајќи да влезат во канцелариите на Федерацијата на претпријатија, при што полициското обезбедување одговорило со солзавец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *