Спорт

ФК ,,Серта,, и општина Конче организираат турнир во мал фудбал со награден фонд од 230 илјади денари

ФК Серта под покровителство на општина Конче организира турнир во мал фудбал по повод празникот Петровден. Станува збор за традиционален турнир кој годинава има огромен награден фонд кој изнесува фантастични 230 илјади денари кои ќе бидат поделени за најдобрите во трите категории сениори, деца родени 2003-2007 и деца родени 2008-2009.

Во сениорска конкуренција победникот на турнирот ќе добие 120 илјади денари,  второпласираниот 60 илјади додека третиот најдобар тим ќе добие 30 илјади денари. Парични награди се планирани и во останатите категории а организаторите планираат награди и за најдобар играч, стрелец, голман

Пријавувањето на екипите ќе трае до 26 јуни во сите три категории. За сениорите котизацијата е 3000 денари додека за децата 500 денари по екипа. Турнирот ќе трае до 11 јули а натпреварите ќе се одиграт на фудбалското игралиште при ООУ ,,Гоце Делчев’’ во Конче во ноќните термини

,, Како општина секогаш ќе ги подржуваме спортските манифестации во интерес на младите и спортистите. Наша интенција е преку дружење  да го градиме спортскиот дух и да потикнеме што повеќе младите да се насочат кон спортот па макар и рекреативно. Верувам дека во деновите што ќе  престојат ќе има интересни натпревари и многу голови на теренот на училиштето овде во Конче,, кажаа од општината како покровител на турнирот

Препорачуваме:

Роналдо не му даде гол на Димитриевски, Јунајтед со реми против Рајо во последната подготовка

Сузана Мицева

300 тркачи на најмасовниот спортски настан на полумаратонот „Струмица на улица“

Ѓ. K.

Круљ: Во недела на „Кукуш“ во Турново ќе играме за да ги потврдиме трите бода од Кратово

Ѓ. K.