• Wed. May 15th, 2024

Наставници од Ново Село на обука за енергетска ефикасност во Сандански, Бугарија

15 наставници од Бугарија и 15 наставници од Македонија заеднички се обучија во рамките на проектот „Енергетска ефикасност во насока на постигнување подобра средина во детските градинки“

Општина Сандански организираше обука за наставници од Бугарија и Македонија на тема „Биди ефективен“.

15 наставници од општина Сандански, Р.Бугарија и 15 настаници од општина Ново Село, Р.Македонија од 12 детски градинки и училишта се обучуваа во областа на енергетската ефикасност и како тие тоа да го пренесат на децата на поинтересен и позабавен начин, со цел и тие да ја разберат суштината на енергетската ефикасност и како тие да се научат да бидат ефективни.

Обуката се одржа на 6 и 7 јуни, 2018 година во конференциската сала на Хотел „Медите“ с.Поленица, општина Сандански.

Обуката вклучуваше неколку презентации и интерактивни активности за наставниците. Првиот ден настаниците се претворија во таканаречени „енергетски детективи“ и имаа за задача да го согледат еколошкиот отпечаток за нивниот колега. Во текот на вториот ден се развија доста дебати на тема „Климатски промени: Еден степен (целзиус) е многу“.

И двата дена од обуката помина со доста забавни игри и демонстрации, а на крајот сите наставници го поминаа испитот и секој од нив извлече поука која треба да им биде пренесена и да им служи на децата. Производ од оваа обука се Упатството и Боенката на тема енергетска ефикасност кои ќе бидат доделени на децата во детските градинки. Упатството се состои од забавни и образовни игри за обука на децата на тема енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Исто така од оваа обука произлегува и наредната активност во рамките на проектот а тоа е организирање на изложба на тема „Енергетска ефикасност“ на која ќе бидат изложени цртежи од страна на децата во детските градинки.

Оваа обука се организираше како дел од активностите по проектот „Енергетска ефикасност во насока на постигнување подобра средина во рамките на детските градинки“ по Програмата Интеррег- ИПА за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2014-2020.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *