Спорт

Круљ: Во недела на „Кукуш“ во Турново ќе играме за да ги потврдиме трите бода од Кратово

Фудбалерите на Брера ги одработуваат последните тренинзи пред неделниот натпревар со екипата на Македонија ЃП. Како што е познато дуелот ќе се одигра во Турново на стадионот ,,Кукуш“ со почеток во 14 часот каде влезот ќе биде бесплатен. Стратегот Бојан Круљ истакна дека атмосферата во првиот тим  е одлична и сите момци се жедни за ново докажување. Како што подвлече, важно е фудбалерите да имаат карактер и јасна желба како и цврст став на професионалност кога влегуваат на теренот.

,,Во Кратово покажавме карактер, став, јасна желба и амбиција. Тој натпревар помина и успеавме да победиме. Веќе го заборавивме и се подготвуваме за наредниот противник, а тоа е Македонија ЃП која е доста квалитетна екипа и мислам дека незаслужно се на таа позиција на која што се наоѓаат на прволигашката табела. Мислам дека среќата многу не ги сака и секогаш нивните резултати беа тесни со гол разлика, а се доста квалитетен тим. Нам фокусот ќе ни биде мобилноста  и тоа да ги имаме сите на располагање во недела и секако да направиме добар резултат и ако може да славиме победа за да ги потврдиме трите бода од првото коло“, смета Круљ.

Како што подвлече стратегот, сѐ уште не се дефинирани првите единаесет кои ќе им се спротистават на фудбалерите на Македонија ЃП. Според него кој и да добие шанса треба да ја искористи и излезе професионално со цврст и јасен победнички став.

„Колку што гледам на тренинзите, атмосферата е феноменална и мислам дека на натпреварот во Кратово, клучна улога одиграа резервистите, играчите од клупата. Тоа е став кој што треба секој професионалец да го поседува. Им честитам за тоа. Секој играч е важен, тоа постојано го зборувам. Имаме 24-25 квалитетни фудбалери. Годините не се важни, тие се само бројка, но ставот, желбата со која ќе се излезе на теренот на натпреварот е тоа е важно и што ја прави разликата“, кажа Круљ.

Мечот во Турново против Македонија ЃП се игра во недела со почеток во 14 часот. Адаптирани се сите трибини како и соодветен паркинг за сите посетители. Влезот за мечот е слободен.

Препорачуваме:

Струмичките одбојкари вечерва против Динамо Апелдорн во Холандија

Ване Трајков

Игор Петков најавува победа против Апиа во Виареџо

Ване Трајков

Фото – Пандевци со победа го сефтосаа новиот стадион, надигран Вардар со 6:1