• Tue. May 21st, 2024

Градоначалникот Костадинов на средба со претставниците на 26-те граѓански организации во Општина Струмица

ByЃ. K.

Feb 24, 2024

Граѓанските организации се активен партнер и учесник во развојот на Струмица. Секоја година на транспарентен начин со буџетски средства Општина Струмица ги поддржува нивните проекти кои се вклопуваат во приоритетните области на Општината.

Градоначалникот Костадинов во Младинскиот центар имаше заедничка средба со претставниците на 26-те граѓански организации кои со поддршка од околу 6 милиони денари, реализираа проекти во 2023 година.

Тие ги презентираа завршените проекти, а се разговараше и за поддршката којашто ќе ја добијат и оваа година во рамките на Програмата Г1 – Поддршка на ЛЕР, Програмата V2 – Социјална заштита и Програмата за еднакви можности на мажите и жените, која оваа година ќе ја добијат подоцна, односно по завршувањето на изборите.

„Јас сум задоволен од реализираните проекти и им благодарам на граѓанските организации за придонесот што преку нив го дадоа за Струмица и на транспарентен и отчетен начин ја продолжуваме нашата соработка, а во интерес на граѓаните“, кажа Костадинов.

By Ѓ. K.