Македонија

Филипче за инцидентот во „8 Септември“: Ова е чин на непочитување на здравствените работници кои се борат за секој човечки живот

Вечерва во Градската општа болница „8 Септември“, докторка беше нападната од семејство на пациентка која по неколку дена болничко лекување починала од коронавирусот. Во случајот интервенираше полицијата која приведе неколку члена од семејството на починатата. Тие се обиделе насилно да го земат телото без да го спроведат соодветниот протокол за лица починати од Ковид-19.

https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2426794620960890

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека станува збор за чин на крајно непочитување на сите здравствени работници кои повеќе од 4 месеци деноноќно се борат за секој човечки живот. Ова е дискредитација на нивната работа, нивниот труд и жртва, ризикот на кој се изложени и одрекувањата.

„Овие луѓе со месеци ги немаат видено своите семејства, ги немаат прегрнато своите најблиски, немаат ден одмор и оддишка од напорната работа. Најостро го осудувам овој инцидент. Колегите кои се борат со преку 100 пациенти сместени во болницата заслужуваат само поддршка и разбирање, а не закани. Цврсто сум уверен дека тие постапиле професионално и согласно протоколите и ги повикувам надлежните да го истражат случајот и да постапат соодветно“, порача министерот на Фејсбук.

Шестмина беа приведени вечерва поради закани кон докторка во Ковид-центарот во болницата „8 Септември“ во Скопје.

извор: makfaks

Препорачуваме:

Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ ќе им овозможи дополнителна сесија на турските студенти

Сузана Мицева

Денеска се празнуваат Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив

Ѓ. K.

Ревакцинирани 48% од полнолетните граѓани во државата