• Sun. May 19th, 2024

Австрија го намали данокот за угостителството и културата

Австрија значително го намали данокот за угостителството и за културните сектори за да им помогне да ја надминат корона кризата. Законот денеска го донесе парламентот, а новата стапка на ДДВ од пет проценти вклучува хотели, ресторани, билети за културни настани и природни паркови, како и медиумски содржини и уметнички дела.

Стапката на ДДВ во рестораните во моментов е 20 проценти за пијалоци и 10 проценти за храна. Во културата, пак е 13 проценти.Намалување на стапката на ДДВ е составен дел од пакетот мерки со кои владата се обидува да ја поддржи економијата во време на корона кризата.

извор: makfaks

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *