• Sat. May 18th, 2024

Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ ќе им овозможи дополнителна сесија на турските студенти

Студентите од Турција коишто студираат на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ ќе добијат можност за дополнителна испитна сесија. Оваа можност ја нуди универзитетот со оглед на ситуацијата во Турција по катастрофалниот земјотрес. Во Штип студираат голем број турски студенти особено на Медицинскиот факултет.

Ги информираме сите наши студенти кои доаѓаат од области во Р. Турција, кои беа погодени со катастрофалниот земјотрес, кои имаат при-јавено испити во тековната февруарска испитна сесија, а сеуште ги немаат реализирано испитите, дека Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип  ќе овозможи услови за продолжување на сесијата или организирање на дополнителна вонредна сесија, доколку за тоа се јави потреба. За реализација на оваа активност потребно е студентите кои ќе заминат во Р. Турција, да пополнат пријава на следниот линк:

https://forms.office.com/e/YmH85w7cpX
https://forms.office.com/e/YmH85w7cpX
https://forms.office.com/e/YmH85w7cpX

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *