Македонија

Продолжува субвенционирањето на сметките за струја – граѓаните да аплицираат до крајот на месецот

Министерството за економија и во 2023 година продолжува со субвенционирање на сметката за електрична енергија за домаќинства со ниски приходи.

Јавниот повик за оваа мерка беше објавен на 27 јануари на веб- страната на Министерството за економија  и ќе трае до крајот на февруари.

За оваа мерка се обезбедени 60 милиони денари, а ќе се субвенционираат од 600 до 800 денари од сметката за електрична енергија на домаќинствата во зависност од вкупните месечни приходи кои ги остваруваат.

Согласно јавниот повик оваа година е зголемен прагот на вкупни приходи кои ги остваруваат домаќинствата, а воведени се и нови категории на домаќинства кои што ќе можат да ја искористат оваа мерка.

Граѓаните кои минатата година добија субвенционирање на сметките на електрична енергија, ќе треба повторно да аплицираат на јавниот повик за повторно да добијат субвенција.

Финансиска поддршка ќе се доделува на лица доколку нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа:

– 19.000 денари за самец;

– 25.000 денари за домаќинство со два члена;

– 30.000 денари за домаќинство со три члена;

– 36.000 денари за домаќинство со четири члена;

– 43.000 денари за домаќинство со пет члена и повеќе.

Согласно програмата за самец со приходи до 19.000 денари  денари; за домаќинство  со два члена до 25.000 денари; за домаќинство до три члена до 30.000 денари намалувањето на сметката ќе биде 600 денари, додека за  домаќинство со четири члена со приходи  до 36.000 денари; и за домаќинство со пет члена и повеќе члена до 43.000 денари намалувањето на сметката ќе биде 800 денари.

Оваа мерка годинава е проширена со други социјално ранливи категории на лица како што се корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители кои не се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на надомест за телесно оштетување

Исто така новина е што доколку овие домаќинства направат заштеда на електрична енергија од 10% споредено со истиот период минатата годона, тогаш ќе имаат дополнително 200 до 300 денари намалување на сметката за електрична енергија во зависност од категоријата.

Ова се потребните документи.

Препорачуваме:

ВИДЕО: До крајот на годината исплата на К-15 – колку ќе изнесува оваа година

Дополнителни 1.000 денари финансиска помош за корисниците на гарантирана минимална помош

Ване Трајков

Владата ја објави листата на одобрени проекти посветени на Ковид-19, тврди дека организациите биле избрани на транспарентен начин

Сузана Мицева