Македонија

Владата ја објави листата на одобрени проекти посветени на Ковид-19, тврди дека организациите биле избрани на транспарентен начин

Владата ја објави ранг-листата на Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за поддршка на здруженија и фондации на сите апликации наменети за справување со Ковид-19, со кус опис на проектот, како и листата на одобрените проекти, по реакциите во јавноста. од Владата тврат дека 40 граѓански организации во инклузивен и транспарентен процес добиле финансиска поддршка за проекти посветени на Ковид-19.

„Во инклузивен и транспарентен процес Владата со одлука за распределба на финансиски средства обезбеди финансиска поддршка на здруженија и фондации за реализација на мерки за справување со Ковид-19. На овој начин се доделија средства за реализација на 40 проекти на здруженија и фондации, во вкупна вредност од 29.519.495 денари.

Комисијата за распределба на финансиските средства ја сочинуваат пет членови кои доаѓаат од Владата, односно Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација (претседател), Мила Царовска, заменик на претседателот на Владата за координација со економските ресори, Бујар Османи, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Арбер Адеми, министер за образование и наука и Драги Рашковски, генерален секретар на Владата. Дополнително, со цел зголемување на транспарентноста и подобрување на квалитетот на процесот на распределба, во составот на Комисијата се именувани и два члена на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, односно Уранија Пировска и Јане Чаловски. На овој начин, за првпат во Комисијата членови од граѓанскиот сектор имаа рамноправна улога и еднаква позиција во носењето одлука за избор на проектите кои беа финансиски поддржани. Овие членови беа избрани на предлог на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор“, соопшти Владата.

Препорачуваме:

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Сузана Мицева

Брнабиќ најавила дека од 14 јануари се укинува ПЦР-тест за македонските граѓани

Сузана Мицева

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ЗА 30 ОТСТО ПАДНА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ, ХОСПИТАЛИЗИРАНИ И ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19