• Fri. May 17th, 2024

Строгите мерки во Пекинг остануваат на сила

 

Во главниот град на Кина, Пекинг, денеска е пријавен пад на новозаразени со коронавирус. Пријавен е 21 нов случај, во однос на вчерашните 31.

Градот продолжува да ги применува строгите мерки за сузбивање на епидемијата. Кинеските власти пријавија 28 нови случаи на зараза за изминатите 24 часа во целата земја.

Меѓу случаите надвор од Пекинг четири се од патници кои дошле од надвор од земјата, а три се пријавени во градот Тианџин и провинцијата Хебеј, кој се граничи со Пекинг.

Нема нови смртни случаи, така што вкупниот број на починати од коронавирус во Кина изнесува 4.634.

Пекинг оваа недела ги затвори училиштата и го ограничи туризмот и патувањата во градот и надвор од него за да се спречи ширењето на најновиот кластер на заразата поврзан со најголемиот пазар на големо во градот.

извор: makfaks

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *