Регион

УЧЕБНАТА ГОДИНА НЕМА ДА СЕ ПОВТОРУВА, А ЗА МАТУРАТА ЌЕ СЕ ЗНАЕ НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ, ПОЛАГАЊЕ ВО ЈУНИ ИЛИ УКИНУВАЊЕ ЗА ОВАА ГЕНЕРАЦИЈА УЧЕНИЦИ

Учебната година нема да се повторува од септември, рече министерот за образование, Арбр Адеми, на денешната прес конференција додавајќи дека воведените мерки и системот за учење на далечина успешно се спроведуваат.
Адеми додаде дека наставниците имаат насоки како да ги пренесуваат знаењата и како да ги оценуваат учениците.
Министерот соопшти дека учениците кои поради социјални причини не поседувале уреди за комуникација или интернет, го надминале проблемот со помош на бизнис заедницат,а локалната самоуправа и „Македонски телеком“.
Преостанува во следните неколку денови да се донесе конечна одлука околу полагањето на државната матура. Постојат две опции. Полагање на државната матура во јуни или укинување на матурата за овогодинешната генерација ученици од завршните години во средните училишта. Во наредните седници на владата ќе се разгледа конкретен образовен план со сет мерки кои што ќе треба да се превземат во овој период, рече министерот Адеми.

Препорачуваме:

Поделени 10.000 оброци на граѓани во социјален ризик

Сузана Мицева

Карневалџиите и официјално го презедоа управувањето со градот

Сузана Мицева

УНХЦР предупредува дека азилот е под напад долж границите на Европа

Стојне Митева