Македонија

МАКЕДОНИЈА„Визер“: Патниците да носат маски, а дополнителните услуги да ги плаќаат „онлајн“

Авиокомпанијата „Визер“ најави дека од 1 мај воведува дополнителни мерки за  хигиена за да обезбеди здравје и благосостојба на своите патници и членови на екипажот.

Со цел да се осигура дека здравјето и благосостојбата на патниците и екипажот останат непроменети, „Визер“ воведува нови протоколи – во согласност со владините регулативи – да се почитува физичката дистанца за време на чекирање и да се подобри хигиената на летот, пренесе Макфакс.  Како дел од мерките за заштита на здравјето на патниците и екипажот на авиокомпанијата, патниците треба да се чекираат и да ги купат сите дополнителни услуги онлајн, како на пример плаќање дополнителни торби, за да ја намалат интеракција на аеродромот.

Употребата на киосците за самостојно оставање багаж – таму каде што е достапно – и брзите траки за безбедност на аеродромите, се високо препорачани од страна на авикомпанијата за понатаму да се обезбеди и физичка дистанца пред чекирање во авионот. За да се спречи можноста за ширење на инфекција, од компанијата ги замолуваат сите патниците да се придржуваат на новите правила за физичка дистанца при влегување и излегување од авионот.

Препорачуваме:

Кошаркарот Ервин Цого го стави својот дрес на аукција за да ѝ помогне на Луна – ДРЕСОТ ЌЕ ГО ДОБИЕ ТОЈ ШТО ЌЕ ДАДЕ НАЈВИСОКА ПОНУДА

Ѓ. K.

Османи: Северна Македонија од идната година претседава со Процесот за соработка на Југоисточна Европа

Од денес во објекти само со примени две дози вакцина или со потврда за прележан ковид