Регион

Поделени 10.000 оброци на граѓани во социјален ризик

Да се помогне на најнемоќните и најранливите. Тоа била почетната идеја на волонтерите од „Елеуса Фондација“ кога пред повеќе од половина година почнаа да делат топли оброци во дворот на црквата „Свети Димитар и Григориј Палама“ во Струмица. Но, на добрата мисла и волја се надоврзале уште многу сограѓани, па до денеска поделиле 10.000 оброци.

Освен делење оброци, организацијата има уште многу други активности. Меѓу нив е и делењето пакети со храна и хигиенски производи пред големите христијански празници „Божиќ“ и „Велигден“.

Пакетите се делат овие денови со помош на парохиските свештенции од Струмичката епархија.

Препорачуваме:

Започна вакцинацијата со трета доза против КОВИД-19

Изложба „Енергетската ефикасност низ очите на децата“ во детска градинка „Сонце“ Ново Село

Кампања за зголемување на свесноста за опасноста од неексплодирани средства