• Wed. May 15th, 2024

Изложба „Енергетската ефикасност низ очите на децата“ во детска градинка „Сонце“ Ново Село

На ден 03.07.2018 во детска градинка „Сонце“ беше организирана изложба на детски цртежи од детските градинки од општина Сандански и детската градинка „Сонце“ општина Ново Село на тема „Енергетска ефикасност“. На изложбата беа изложени 140 дела на малите уметници од градинките. На овој ден исто така се одржа и свеченото отворање на Детска градинка „Сонце“ во Ново Село, по целосната реконструкција на истата како дел од проектот „Енергетска ефикасност во насока на постигнување на подобра средина во детските градинки“ по Програмата Интеррег – ИПА за прекугранична соработка Бугарија- Македонија 2014-2020.
На настанот, кој се организираше како дел од активностите на проектот со референтен број CB006.1.11.199 и назив: „Енергетска ефикасност во насока на постигнување подобра средина во детските градинки“ кој е ко-финансиран од Европската Унија преку Програмата Интеррег ИПА за прекугранична соработка Бугарија-Македонија, присуствуваа гости од Општина Сандански, Република Бугарија, партнер во проектот, државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и општина Ново Село.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *