• Sat. May 18th, 2024

РАДОВИШ ДОБИ ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ОД ЕВРОПСКИ ПАРИ

ByВане Трајков

Jul 18, 2018

Нема да се загадува Радовишка река, а нивите од радовишкото поле нема да се наводнуваат со нечиста вода, рече премиерот Зоран Заев кој заедно со евроамбасадорот Самуел ја стави во функција пречистителната станица во Радовиш. Изградбата на станицата со капацитет за 25 илјади жители ја финансираше ЕУ преку ИПА програмата, за што додели 5 милиони евра, додека од државата беа издвоени околу милион евра. Изградена е станица за третман на отпадните води, проширена е канализациската мрежа, а изградени се и нови колектори.

„Наводнувањето на земјоделските површини ќе се врши со чиста и здрава вода, што е предуслов за производство на здрава храна. Во Радовишка река нема повеќе да се одлеваат отпадни води, туку пречистена вода од станицата. Проект опфаќа и изградба на нов колекторскиот систем како и обнова на канализациска мрежа“, кажа Заев.

Станицата во Радовиш е трета по ред финансирана од ЕУ. Со европски пари претходно беа изградени станици во Струмица и Кичево за што досега за третман на отпадните води унијата на државата има доделено 21 милион евра.

„Заштитата на животната средина и создавањето услови за поквалитетен живот и одржлив развој е една од главните определби на ЕУ. Заедно со државата, работиме на реформи во секторот води, за да се обезбеди заштита на природните ресурси и одржливо водоснабдување за сите граѓани. Ние остануваме партнер на државата и ќе продолжиме да поддржуваме проекти во интерес на граѓаните“, рече Жбогар кој најави дополнителни 113 милиони евра за овој сектор во наредните години.

https://www.facebook.com/kanalvis/videos/1830263473676627/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *