Регион

Уапсени двајца струмичани, едниот доброволно ја предал дрогата на полицијата

На 18.04.2024 во 19.30 часот на место викано „Цареви кули“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода А.С.(34) и В.С.(35), двајцата од село Василево, струмичко. При преглед над нив, кај А.С. била пронајдена марихуана. Во службен разговор во Полициската станица Струмица А.С. признал дека во домот поседува и друга количина, која потоа доброволно ја предал на полициските службеници.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Препорачуваме:

Протестен марш – Јавна соба е кривично дело

Стојне Митева

Текстилците да се заштитат од трудова екплоатација

Стојне Митева

Најсиромашните во Струмица добија пакети со храна на Денот против гладот , нивната бројка расте алармира Организацијата на жени