• Fri. May 17th, 2024

150 дечиња од ООУ „Никола Вапцаров“ во посета на ФК „Брера Струмица“

ByЃ. K.

Apr 19, 2024

Околу 150 ученици од ООУ ,,Никола Вапцаров“ од Струмица беа во посета на ФК „Брера Струмица“ и се информираа како функционира клубот, но и како тече еден ден на фудбалерите. Тиe се дружеа со првотимците, се интересираа за фудбалската професија, за тренажниот процес,  условите за работа, за предизвиците. Станува збор за дечиња од второ и петто одделение од училиштето „Никола Вапцаров“ кои имаа можност да ја задоволат својата љубопитност за и околу Брера Струмица, тренерите и играчите.

Фудбалерите како „домаќини“ освен што се фотографираа со дечињата, ја презентираа салата за загревање, салата за консултации, за подготовка пред натпревари. Едноставно се обидоа да ја пренесат и престават фудбалската магија преку другарување, насмевки и позитивна енергија за што сведочеа насмевките.  Дечињата можеа и директно да се запознаат со справите и опремата која ја има во СЦ Пандев каде што тренираат момците.

„Како клуб секогаш сме отворени да ја презентираме нашата работа а посебно сме горди што не посетија дечиња кои за првпат имаа шанса одблиску да се запознаат како изгледа работата на фудбалерите и што се е потребно да се биде успешен спортист. Задоволството е големо што голем број дечиња покажаа интерес да се запишат во нашите школи што преставува дополнителна мотивација за нас да опстоиме на курсот за сплотување со средината и градење квалитетени фудбалери“, велат од Брера Струмица.

By Ѓ. K.