Регион

Ученици од ООУ „Сандо Масев“ на вториот регионален саем во Делчево на настанот „Науката и јас“

Ученици од ООУ „Сандо Масев“ под менторство на Милена Шутевска учествуваа на вториот регионален саем во Делчево на настанот „Науката и јас“, проект на Џонсон Мети Скопје во партнерство со Македонија 2025, невладина организација која го поддржува економскиот и лидерскиот развој во земјата.

Проект чија цел е да се приближат природните науки до учениците уште од нивната најрана возраст, во подолните одделенија.

За многу ученици, природните науки претставуваат предизвик, а поради концептот и потешкотиите, често се одбегнуваат во корист на опшествените науки. Преку, интерактивни експерименти и демонстрации, наставниците имаме важна улога да ги мотивираме учениците и да ги заинтересираме за изучувањето на природните науки.

Овој проект на Џонсон Мети и Македонија 2025 ќе влијае во голема мера за подобрување на образованието, иновациите и одржливиот раст во земјава.

Препорачуваме:

Иницијативи од независните советници во Босилово, Ново Село и Струмица против загадувачка индустрија

Ване Трајков

Фотографирај ја Струмица и добиј награда

Dimitar Micev

Заострени мерки во Гевгелија