Регион

Тезгите од Глобал привремено ќе бидат сместени во пазарот „Чешел“

Продавачите на овошје, зеленчук и мешана стока чии тезги настрадаа во големиот пожар што синоќа го зафати трговскиот центар „Глобал“ ќе бидат префрлени во пазарот „Чешел“ до санирање на објектот. Директорот на јавното комунално претпријатие „Комуналец“, Зоран Ѓоргиев рече дека ќе се направи реорганизација на тој пазар за да им се овозможи на граѓаните да продолжат со работа во следниот период и да не останат без основна егзистенција.

Денеска во посета на опожарениот „Глобал“ дојде и градоначалникот Коста Јаневски со премиерот, Зоран Заев. Се сретнаа со сопственици на дуќани и тезги во „Глобал“ и ветија брзо расчистување на просторот, но и помош за санација на штетите.

Трговскиот центар претрпе огроман материјална штета по пожарот што беснееше повеќе од пет часа и којшто го гасе 61 пожарникар.

Препорачуваме:

Околу 50 илади евра за струмички Завод и музеј за 2021 година

Балканот се сели на работа во ЕУ: Лани 8.898 Македонци заминале на работа во Германија

Стојне Митева

Оваа година за Водици нема скокање по крст, МПЦ вели осветувањето на водите ќе биде во храмовите

Стојне Митева