Регион

Дождот прави проблем во проодноста на селата – неасфалтирани улички во Сушица станаа длабоки вирови

По реакциите на граѓаните од општина Ново Село дека патот Смолари – Мокирно е блокиран со наноси од камења и дрвја, се јавија и жители на село Сушица. Велат дека неасфалтираните улички во селото се под вода и дека со авотомобили не можат да се движат поради што се отсечени околу 30 куќи. Граѓаните на Сушица велат дека причина е неисчистеното речно корито, кое не може да ја опфати водата од обилните врнежи.

Според временската прогноза дождливите денови во југоистокот ќе траат до крајот на неделата со можност за сончеви периоди во одредени делови. Ваквите најави се дополнителна опасност за предизвикување поплави и отсекување на делови од населени места.

Препорачуваме:

Фото: Запален отпад од контејнер во Радовиш ќе изгореше возило пасат

Ване Трајков

Општина Струмица потшиша Меморандум за соработка со Инстититот за евро-атлански перспективи

Граѓанската организација „Избор“ ќе помага за дообразување и вработување на млади до 29 години

Сузана Мицева