• Wed. May 15th, 2024

Балканот се сели на работа во ЕУ: Лани 8.898 Македонци заминале на работа во Германија

Работна дозвола за Германија во 2018 година добиле 8.898 македонски работници. Пред нас се работниците од Босна и Херцеговина, чија бројка достигнала 20.901,а по нив се работниците од Србија од кои 14.652 лица заминале на работа во оваа европска земја.

Како што деновиве објави „Ди Велт“ висок е бројот и на работниците од Косово кои заминуваат на работа во Германија, а нивната бројка достигнала 12.240 лица, од Албанија пак 6.887 лица и од Црна Гора -1.475 лица.

Бројките само потврдуваат дека речиси една четвртина од сите вработени од земјите кои не се членки на ЕУ доаѓаат од Западен Балкан. Така секој четврти странец од земја која не е членка на ЕУ, сега доаѓа од Балканот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *