Спорт

Струмичките шаховски надежи од денеска Светското првенство во Египет

Денеска стартува Светското шаховско првенство за млади во Египет на кое Македонија ќе ја преставува четири младинци односно шахисти до 8, 10 и 12 години од кои тројца се од Струмица членови на ШК Цареви Кули.  Боите на Македонија на ова првенство ќе ги бранат 3 момчиња и 1 девојче и тоа: до 8 год. Јован Вукашиновиќ  и Ина Крумова,  до 10 год Мартин Гоцев и тројцата од Струмица како и Никола Петровски од Скопје кој ќе биде во категоријата до 12 години..

Стартот на првото коло во сите возрасни групи започнува денеска и ќе се игра 11 кола по Швајцарски систем по правилата на ФИДЕ за класичен шах. Темпо на играње е 90 минути по играч за 40 потега, ако дотогаш не заврши партијата им се додава уште по 30 минути до крајот. Истотака играчите имаат и плус бонус од 30 секунди за секој одигран потег почнувајќи уште од првиот.

На првенството учествуваат 630 млади шахисти од 60 држави од светот а учеството на младите од Струмица го помогна Општина Струмица како и помошта што дојде од фондации и општествено одговорни компании

Препорачуваме:

Три години од смртта на Истатов, во негова чест дуатлон со Ѓорѓиев

Ване Трајков

Видео – Крстовски ја донесе победата на пандевци во првото градското дерби со Беласица

Видео: ,,Горан Пандев але а ле…,, Ечеше струмичкиот плоштад од ,,пандевци,, по двете КУП титули

Ване Трајков