Спорт

Три години од смртта на Истатов, во негова чест дуатлон со Ѓорѓиев

Денеска се одбележуваат три години од смртта на македонската фудбалска легенда Благој Истатов.

Поранешниот голман на струмичка Беласица, Победа од Прилеп, Партизан од Белград и Утрехт од Холандија почина на 27 септември 2018 година, на 71 година.

Беше тренер на повеќе клубови во земјава и странство по завршувањето на кариерата, а најголемите успеси ги постигна со Беласица, меѓу кои и пласман во некогашната Единствена втора лига на Југославија.

Во чест на фудбалската легенда Благој Истатов кој на днешне ден почина пред три години, ултрамаратонецот Николчо Ѓорѓиев ќе трча и вози велосипед од Струмица до  Штип преку Неготино до Гевгелија и Дојран  во должина од околу 190 километри.  Станува збор за ,,дуатлон,, спротска дисциплина , која Ѓорѓиев ја практикува и е единствениот македонец кој има земено учство на светско првенство пред две години во Швајцарија

Препорачуваме:

Македонија претрпе пораз од Украина во понеделник на Олд трафорд против Англија пред 74 илјади гледачи

Ване Трајков

Пандевци не издржаа – бразилците славеа со 3:1

Ване Трајков

Фото – Карикатура за Горан Пандев изработена од Методи Андонов а ја прими брат му Сашко