• Mon. May 20th, 2024

Фото – Карикатура за Горан Пандев изработена од Методи Андонов а ја прими брат му Сашко

ByВане Трајков

Oct 18, 2018

Уметникот Методи Андонов во рамките на манифестацијата ,, Маргинализирани ликовни уметности ,, во Струмица, во организација на здружението на граѓани  ,,Медиа Плус,, од Штип направи карикатура  за познатиот струмички фудбалер Горан Пандев кој настапува за Џенова

На карикатурата,  Андонов го прикажа Пандев во дресот број 10 на македонската репрезентација, во неговата славна поза со раката на увото во исчекување на реакција на публиката по негов даден гол.

Во отсуство на познатиот фудбалер, карикатурата ја прими неговиот брат, Сашко Пандев .

Манифестацијата е во рамките на новиот културен бран на Министерството за култура со цел да се анимираат маргинализираните ликовни уметности

Фото Сречко Гунчев

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *