• Sat. May 11th, 2024

Пандевци поразени во Скопје од лавовите со 1:0

ByВане Трајков

Oct 21, 2018

Фудбалерите на Академија Пандев влегуваат во резултатска криза.  Четири првенствени кола се без победа. На гостувањето во Скопје на Македонија ГП претрпеа пораз со резултат од 1:0 откако Кировски успеа да го надмудри голманот на Академијата по киксот на одбраната

Пандевци се обиделе преку Дориев, Пандев и Миловановиќ да направат нешто но нивните обиди или завршувале надвор од голот или за чуварот на мрежата на Македонија ЃП биле лесен плен

Ова е 4 пораз за пандевци во годинашниов шампионат но остануваат на третата позиција на прволигашката табела со 16 бода веднаш зад Вардар и Шкендија. Следното коло во Турново се домаќини на градскиот ривал – полетната Беласица

Фото –  www.ekipa.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *