Спорт

Видео – Беласица не знае за пораз веќе седум првенствени меча, на Младост ја надигра прилепска Победа

Струмичките синобели, на задоволство на повеќе од илјада посетители на стадионот Младост и се реваншираа на прилепска Победа за поразот од првото коло. Во рамките на 10 коло од Првата фудбалска лига на Македонија, фудбалерите на Беласица славеа со 2:1

Зоран Митевски со глава во првото полувреме и Филип Ивановски по земја во второто полувреме двапати ја затресоа мрежата на Тофиловски за нови три бода на своето конто со кои се искачија на средината на прволигашката табела

Прилепчани кои имаа иста така свои шанси за друг тек на мечот, голот го постигнаа во судиското надополнување на десетина секунди од крајот на натпреварот откако киксна одбраната на домаќините а Набуезе ја смести топката во мрежата на Вујанац

Беласица во овој дуел покажа поголема офанзива и желба за победа. Во 26 минута Вусљанин го проигра Балдовалиев кој пак му ја ,,намести,, топката на Митевски во петерецот кој без проблем ја затресе мрежата на прилепчани. Во 50 тата минута Балдовалиев тргна во офанзива го проигра Немања Петров по десната страна кој пак му асистираше на Ивановски за 2:0 .

Ова е 7 мо првенствено коло како Беласица нема претрпено пораз и со 3 победи 4 нерешени исходи и 3 порази се на 6 позиција со 13 бода. Следното коло им гостуваат на пандевци во Турново

Еве ги головите на Митевски и Ивановски благодарение на телевизискиот канал  на ФФМ….

Препорачуваме:

Девојките на ,,Тиверија,, дома ќе игра за КУП титулата против дојрански Истатов

Ване Трајков

Љупчо Дориев од А.Пандев повикан за фудбалската репрезентација на Македонија да игра заедно со Горан Пандев

Ване Трајков

Пуштено во функција новото игралиште на вештачка трева во Струмица

Ване Трајков