Регион

Струмичанец украл 179 кутии цигари од возило за дистрибуција

На 19.10.2023 во 16.20 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица.

Тој се сомничи дека претходно во Струмица, од возило за дистрибуција на цигари одзел повеќе кутии цигари. Кај него биле пронајдени 179 кутии разновидни цигари.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Г.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Препорачуваме:

Костадинов: Ќе се реконструираат улиците покрај покриениот канал на Крушевска (видео)

Ване Трајков

Кампања за донации за реконструкција на храмот на Светите Кирил и Методиј во Струмица

Ѓ. K.

Видео – Валандовското средно училиште ќе ги разубавува јавните зелени површини во општината

Ване Трајков