• Mon. May 13th, 2024

Пред преполна сала се одигра претставата „Кец на десетка“ во Струмица

ByЃ. K.

Oct 19, 2023

Синоќа, големата сала на НУЦК „Антон Панов“ Струмица беше премала да ги собере сите заинтересирани театарџии кои сакаа да ја погледнат хит претставата на МНТ „Кец на десетка“ чиј автор е струмичкиот драмски писател Митко Бојаџиски.

„Ви благодарам што синоќа дојдовте во толкав број. Ми беше големо задоволство да ја гледам претставата заедно со вас во преполнетата голема сала во центарот за култура во Струмица. Тие што не успеаја да ја видат, ќе имаат прилика во друга пригода. Морам да нагласам дека имам доживеано многу убави моменти во одиграните претстави со прекрасна публика на Кец на десетка во МНТ во Скопје и во други градови низ Македонија, но синоќешната беше нешто посебно, беше празник за мене, затоа што претстaвата се одигра во Струмица, во мојот град, пред вас, моите сограѓани, затоа што јас сум струмичанец и струмичката публика ја сметам за моја матичнa публика“, истакна Бојаџиски.

„Кец на десетка е во режија на на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, во продукција на Македонскиот народен театар, а синоќа по втор пат се одигра пред струмичката публика. Од премиерната изведба во 2017 година до денес има повеќе од 70 (седумдесет) изведби, а публиката по секоја изведба е освоена, задоволна и насмеана.

На крајот од претставата со аплаузи и насмевки беа поздравени актерите Александар Микиќ, Тања Кочовска, Нина Гачиќ-Деан и Ивица Димитријевиќ, како и самиот автор Митко Бојаџиски.

By Ѓ. K.