Регион

Видео – Валандовското средно училиште ќе ги разубавува јавните зелени површини во општината

Дел од јавните зелени површини во општина Валандово, хортикултурно ќе бидат уредувани со цвеќињата што ги произведуваат и одгледуваат учениците по земјоделска струка од средното училиште ,,Гоце Делчев,,.  Дел од  дворовите на јавните институции веќе се засадени со разновидни цвеќиња  од ,,Цветната градина’’ на училиштето каде учениците изведуваат дел од праткичната насатава. Директорката  Љубица Невеселова смета дека на тој начин учениците ќе бидат корисни за заедницата а училиштето ке има свои извори на финансирање.

Училиштето Гоце Делчев планира во догледно време да го прошири пластеникот за да можат учениците поуспешно и пофункционално ја изведуваат практичната  настава. Инаку во единственото средно училиште во Валандово се школуваат повеќе видови образовни профили кои со завршувањето на четиригодишното стручно образвоание може директно да се вклучат во производствениот агрокомплекс

Препорачуваме:

Отворено советувалиште за психосоцијална поддршка на жени и деца жртви на родово базирано насилство

Да се најде модел за субвенционирање на градинарите заради пандемијата

Одбележана 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев