• Wed. May 22nd, 2024

Струмица од синоќа под маска

Струмица од синоќа под маска

Македонци, срби, германци, холанѓани, грци, турци и од каде ли не гости, синоќа под маска на струмичкиот маскембал бираа принц и принцеза кои ќе ја предводат денешната поворка на карневалот во срцето на Струмица. 

 Пандемијата со Ковид 19, две години не им дозволи на струмичани да стават маска, но годинава организацискиот одбор и локалната власт, под посебни протоколи реши повторно да оживее духот кој го носи карневалот.

 Првиот човек на општината во духод на традицијата под маска уверен  дека струмичкото чудо мора да се негува и од идните генерации.

 Вечерва под маска ќе продефилираат 26 групни маски и поединечни на главното карневалско дефиле. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *