Регион

Струмица доби интервентно престојувалиште за бездомни лица

Струмица го доби првото интервентно пресотувалиште за бездомни лица. Двата контењери сместени во дворот на Црвениот крст во Струмица се опремени и набавени во соработка со министерството за труд и социјална политика. Во нив може да се сместат петнаесетина лица, кои со решение што ќе го изготви Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Струмица ќе добијат, сместување и храна.

Министерството за труд и социјална политика, отвори уште два интервентни центри во Битола и во Струга, а ги прошири у постоечките капацитети во центарот „Момин поток“ во Скопје.

Во овие центри бездомните лица ќе може да ја поминат ноќта на топло и безбедно место, да добијат оброк и психолошка и медицинска поддршка, најави министерката Мила Царовска.

Според министерката Царовска, бездомните лица надвор од Скопје досега немаа место за каде би можеле да се обратат и да бидат згрижени. Од тие причини, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Црвениот Крст на Македонија, донесоа одлука да постават три регионални интервентни престојувалишта за бездомни лица, а се дополнија капацитетите на Центарот во Момин поток бидејќи појавата на бездомништво е најизразена во Скопје. Таа ги повика и останатите општини во Република Македонија да вложат напори да обезбедат барем по едно интеревентно престојувалиште.

Пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин поток За време на екстремно ниските температури овозможува сместување во привременото прифатилиште, кое има капацитет да смести 32 лица во исто време.

Воедно, во услови на студен бран Министерството за труд и социјална политика има обезбедено и сместување на 121 лице кои беа лоцирани во близина на Скопското кале и за истите во подготовка се индивидуални планови за поддршка и излез од состојбата на бездомништво.

 

Препорачуваме:

Ризичните групи граѓани ќе добијат СМС порака да се вакцинираат

Стојне Митева

Пожар од плинска боца во Струмица

Сузана Мицева

ВИДЕО: Превентивна акција на полицијата и училишните сообраќајни патроли за совесно паркирање