• Tue. May 21st, 2024

Ризичните групи граѓани ќе добијат СМС порака да се вакцинираат

Ризичните групи граѓани ќе добијат СМС порака да се вакцинираат

За да се подигне имунитетот на популацијата, што би било основа и за натамошно релаксирање на мерките, почнува кампања за вакцинирање на луѓето од ризичните групи. Комисијата за заразни болести вчера информираше дека ним ќе им бидат закажани термини доколку не се целосно вакцинарани или немаат примено засилувачка (бустер) доза.

Ризичните групи граѓани – лицата над 65 години со коморбидитети или помлади од 65 со повеќе коморбидитети, со СМС-порака ќе бидат известени дека во одреден термин треба да го посетат пунктот за да бидат вакцинирани.

Според податоците добиени од „Мој термин“, во ризична група спаѓаат 260.000 граѓани. Половината од нив, како што информираше вчера Комисијата, или примиле една доза или не примиле ниту една, а другата половина, односно 130.000, немаат примено бустер доза.

Од Комисијата за заразни болести вчера соопштија дека фокусот ќе биде на вакцинирање на ризичните групи зашто основа за релаксирање на мерките е, пред сѐ, вакцинацијата, која кај нас е на многу ниско ниво – целосно е вакцинирано 41 процент од населението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *