Спорт

Стојанов си поднесе оставка – Ја превземам одговорноста за слабите резултати на Беласица

Првиот човек на клупата на третолигашот Беласица, Ацо Стојанов си поднесе оставка. Оставката ја објави на својот ФБ профил а доаѓа откако последните две кола Беласица претрпе порази, најпрво од Академија Пандев а викендов и од Напредок во Радово. Со ова како што наведува Стојанов во својот ФБ статус ја превзема одговорноста за слабите резултати и за неисполнување на зацртаното а тоа е пласман во Втората лига

Еве што напиша Стојанов на својот ФБ профил

,,Би сакал да се обратам до сите љубители и верните ајдуци на ФК Беласица. Јас како тренер на првиот тим на ФК Беласица, чувствувам одговорност со неколку реченици да дадам свое видување на досегашната моја работа во клубот, од самиот старт на сезоната па се до денеска.
На почеток би сакал да се заблагодарам за довербата и одличните услови кои беа овозможени од страна на Претседателот Славчо Васков – Пинда.

Пред почетокот на сезоната донесовме 17 нови играчи со цел Беласица да ја вратиме таму каде што и е местото во врвот на македонскиот фудбал.Сите услови за постигнување на нашата цел и посакуваниот успех беа овозможени од раководството на клубот. Како тренер на сениорската екипа имав целосна слобода да одлучувам самостојно во работата со екипата.

За жал резултатите не одеа во посакуваната насока и чувствувам потреба да ја превземам одговорноста со оставка на местото прв тренер на ФК Беласица. Во исто време сакам да им се извинам на сите вистински љубители на клубот и на верните Ајдуци кои постојано беа со клубот и верувам дека ќе останат и понатаму. Сакам да се извинам и на Претседателот на клубот Славчо Васков – Пинда, за неостварување на заедничката цел која ја имавме зацртано.

На крај ќе кажам само едно: БЕЛАСИЦА ПРЕД СЕ!!!

Препорачуваме:

Видео: ,,Горан Пандев але а ле…,, Ечеше струмичкиот плоштад од ,,пандевци,, по двете КУП титули

Ване Трајков

ФОТО: Мак-Струмица по 5 месеци постоење излезе на меѓународна сцена и се врати со пехар !

Ване Трајков

Ексклузивно видео – Мајстории на Кирил Панов во дресот на шпански Тера Алфас

Ване Трајков