Спорт

Стадионот Младост ќе се спрема со нови трибини за дуелот Македонија – Албанија !?

Македонски спорт открива дека квалификацискиот меч меѓу Македонија и Албанија во рамките на 8. коло во Групата „Г“ за пласман на Светското првенство во Русија 2018 година, ќе се игра во Струмица, а не во Скопје пренесува порталот sportmedia.mk.

За таа цел како што пишува овој спортски весник била информирана  УЕФА која првично дала одобрување, но како услов се наведува зголемување на капацитетот на стадионот „Младост” кој има рефелектори  бидејки станува збор натпревар од екстремно висок ризик.

Според македонски спорт по завршување на Купот на Македонија, значи од 18-19 мај, треба да се започне со изградба на две монтажни трибини кои во најкраток можен рок бидат завршени. Тие две трибини би биле зад головите на теренот. Секако дека треба и дополнително „шминкање” и на трибините, потоа на ложите, секако и соблекувалните“, пишува единствениот македонски спортски весник.

Пред  десетина месеци ФК ,,Беласица,, брифираше дека имало инспекција од УЕФА за осветлувањето на стадионот Младост и дека УЕФА констатирале дека стадионот ги исполнува условите за одигрување на квалификациски натпревар во ноќни термини за пласман на СП во Русија идната година

 

Препорачуваме:

Пандевци поразени во Скопје од лавовите со 1:0

На 22 и 23 септември автослалом трки во Струмица со стандардни и тркачки автомобили

Фото – Ракометен спектакл во Парк ,, АСТРАИОНЦИ’’ го надиграа лидерот Металург Јуниор

Ване Трајков