Регион

Спречен увоз зеленчук полн со пестициди, што јадеме ?

Странски зеленчук и овошје со зголемено присуство на пестициди биле спречени да се увезат во Македонија, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство. Според ова Агенција, инспекциските служби деновиве забраниле увоз на неколку пратки кај кои со лабараториското испитување било констатирано зголемено присуство на пестициди над максимално дозволените концентрации Засега не се откриваат детали за колкава количина на зеленчук станува збор ниту од кои земји доаѓа. Струмичките земјоделци од поодамна тврдат дека македонксите пазари се преплавени со зеленчук од странство посебно од Албанија. Од таа причина тие тврдат дека откупните цени на домашното производство рапидно паднале иако сеуште не е почнат бербата на краставици и домати. Ниските откупни цени и неконтролираниот увоз беше и причина што струмичките земјоделци реагираат со протести и блокади.

Македонија како потписничка на договорот за ЦЕФТА не е во можност да забрани проток на стоки и услуги доколку не се констатираат одредени неправилности .Вчера на граничните премини со соседна Албанија имаше и застој со протокот на камиони со зеленчук. Застојот бил токму поради контролите што ги прават македонските власти кои откриваат колку е безбеден зеленчукот што се увезува од Албанија. Од Агенцијата за храна и ветеринарство истакнуваат дека ке бидат засилени контролите на сите гранични премини посебно на увозот на зеленчук и овошје

Препорачуваме:

Обуки за одговор при катастрофи во Црвен крст

Вечерва се менува времето-еден час назад

Сузана Мицева

Невреме со град уништи посеви во струмичко

Сузана Мицева