• Tue. May 14th, 2024

ПСУ „Јахја Кемал„ организираше научен саем за учениците од основните училишта

ПСУ „Јахја Кемал“ од Струмица денес организираше научен саем за учениците од основните училишта. Целта беше идните средношколци да се запознаат со работите и активностите на оваа училиште. Деветтодделенците од Струмица, Василево, Босилово, Богданци и Радовиш беа дел од презентацијата што им ја подготвија вработените и учениците од ПСУ „Јахја Кемал„.

Приемните испити во ПСУ „Јахја Кемал„ во Струмица ќе бидат на 24 април. Истиот има капацитет секоја година да прими по максимум 48 ученика сместени во две паралелки.

ПСУ„Јахја Кемал„ за прв пат е отворено во Скопје во 1996 година. Учениците досега имаат добиено повеќе награди и признанија, што покажува дека училиштето располага со доста талентирани ученици.