Регион

Инспекција затвори откупни пунктови во струмичко, немале лиценци за откуп

Неколку откупни пункта за зеленчук и овошје во струмичко се затворени од страна на инспекциските служби при МЗШВ кои деновиве вршеа контрола на работата на фирмите кои се занимаваат со откуп. Според информациите, изречена им е времена мерка за забрана за вршење на откуп се до отстранување на констатираните недоследности.

,, Кај дел од откупувачите во струмичко е констатирно непочитување на законот за земјоделство и рурален развој. Фирмите не извршиле упис во регистарот за откупувачи и немаат лиценци за откуп на земјоделски производи. Станува збор за времена мерка и кога ќе се упишат во регистарот ќе можат да вршат откуп,, информираа од МЗШВ

Земјоделците минатата недела реагираа и побараа поголема контрола на откупните пунктови обинувајки ги трговците за договор во врска со откупните цени.

Препорачуваме:

На 12 август Струмица ќе го прослави Интернационалниот ден на младите

Ѓ. K.

„Преку езерото“ – меѓународен филмски фестивал по втор пат во Дојран

Ѓ. K.

Жените земјоделки регистрирани во ПИОМ ќе добиваат платено отсуство за мајчинство

Ване Трајков