• Tue. May 14th, 2024

„Преку езерото“ – меѓународен филмски фестивал по втор пат во Дојран

ByЃ. K.

Jul 13, 2023

Второто издание на меѓународниот филмски фестивал „Преку езерото“ ќе се одржи на брегот на Дојранското Езеро во периодот од 19 до 23 јули.

Според организаторите, овој фестивал е единствен од ваков тип во Македонија. Оваа година се формирани три официјални селекции и ќе бидат прикажани повеќе од 10 краткометражни и долгометражни филмови од автори кои живеат или творат во медитеранските земји.

  • „Дојран филм фестивал, како фестивал на медитеранскиот филм има за идеја ‘преку езерото’ да ги собере луѓето со слободен дух, луѓето кои меѓу себе ќе ги споделат вредностите на културата, уметноста, особено за филмот како популарна уметност, филмот како уметност што зборува со свој јазик, а кој сите го разбираат“, вели Јани Бојаџи, филмски режисер и продуцент, како и иницијатор на фестивалот.

„Освен што е посветен на филмот, овој фестивал е посветен и на слободата што треба да „ги премине границите преку езерото“, истакнува Бојаџи.

By Ѓ. K.