• Wed. May 15th, 2024

На иницијатива на семејството Костадинови, донирана медицинска опрема на одделението за кардиологија во општата болница во Струмица

ByЃ. K.

Jul 13, 2023

Три ЕКГ апарати (еден од модел Cardioline 200S и два од модел Cardioline 100S), пет мулти-параметарски ЕКГ монитори (модел Bistos BT-750) и соодветни додатоци – специјална хартија за обезбедените ЕКГ апарати пристигнаа во ЈЗУ Општа Болница Струмица во форма на донација, на иницијатива на семејството Костадинови.

Целта е да се овозможи подобра здравствена заштита на пациентите со срцеви проблеми и полесно функционирање на единицата за ангиографија. Медицинската опрема ќе дејствува во насока на навремена дијагностика и превенирање на потенцијални коронарни, кардио-васкуларни и срцеви заболувања.

Од ЈЗУ Општа Болница Струмица информираа дека медицинската опрема ќе биде веднаш ставена во употреба.

By Ѓ. K.