• Mon. May 20th, 2024

Струмичкиот митрополит Наум го одбрани вториот докторат на Институтот за психологија

ByЃ. K.

Jul 13, 2023

Информацијата заедно со фотографии од одбраната ја објави познатиот епидемиолог и универзитетски професор, д-р. Драган Даниловски.

Според објавените фотографии, на одбраната присуствувал и Викарниот епископ г. Јаков Стобиски, како и брачниот пар Митеви, д-р. Александар и д-р. Васка.

Докторатот е одбранет на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, на Институтот за психологија.

Инаку, тој ги има завршено студиите на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Во 2008 година ја одбрани докторската дисертација на Теолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Софија на тема „Исихазмот во светогорското монаштво од XX век“.

By Ѓ. K.