• Wed. May 15th, 2024

Жените земјоделки регистрирани во ПИОМ ќе добиваат платено отсуство за мајчинство

Земјоделките за првпат ќе добиваат платено отсуство за мајчинство, одлучи Владата, на која ја донесе Програмата за обезбедување социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност. За првпат досега, со оваа Програма ќе се реши правото за користење надоместок за мајчинство, кое не е опфатено за земјоделките со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи.

„Предвидена е мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000,00 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство на жените кои имаат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец, стекнат согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување, во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето. Оваа Програма е предложена како времено решение, со цел излегување во пресрет на жените земјоделки, до усогласување системско решение на кое што веќе се работи“, соопшти Владата.

Од националната федерација на фармери велат дека право на надомест ке имаат сите жени земјоделки кои имаат статус на осигуреник индивидуален земјоделц од 1 декември 2022 до 1 декември 2023

Лани во декември, Мрежата за заштита од дискриминација побара системско решение за тоа што земјоделките немаат право на платено породилно отсуство и отсуство поради боледување и повреда, што претставува нехумана и дискриминаторска политика.Околу 70 здруженија и мрежи на граѓански организации се обединија околу барањето за системско решение за овозможување на платено породилно отсуство и барањата ги испратија до Собранието, Министерството за здравство, Министерсството за труд и социјална политика и Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство за измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *