Регион

Сообраќајка кај Шапкар – Добрашинци , повредени жена и шестгодишно девојче

Триесет и четири годишна жена и шест годишно девојче се повредени во сообраќајна несреќа која минатата ноќ се случила на локалниот пат кај селото Добрашинци, на место викано Шапкар.

Е.А. (36) управувајќи автомобил „Сеат“ со струмички регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот удрил во бетонски столб и се превртел на кров.

Од полицијата информираат дека со тешки повреди се здобила Ф.А. (34), фрактура на десна потколеница, крварење и отоци во главата која по укажаната лекарска помош во струмичката болница е пренесена во Ургентниот центар во Скопје.

Со полесни повреди во несреќата поминало шест годишно девојче на кое лекарска помош му е укажана во Медицинскиот центар во Струмица.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид.

Препорачуваме:

Фатени тројца крадци од радовишко

Стојне Митева

Утре промоција на книгата „Мисли и размислувања“ од Антон Панов

Сузана Мицева

Распишана јавната набавка за избор на изведувач за затворен базен во Струмица

Ване Трајков